ПРВ.мк
Црна Хроника

ГУСТ ЦРН ЧАД ГО ЗАТЕМНИ КОЧАНИ: Во страшна пожарна стихија изгореа автобуси, гаражи и канцелариски простории – шокантни први снимки!

ГУСТ ЦРН ЧАД ГО ЗАТЕМНИ КОЧАНИ: Во страшна пожарна стихија изгореа автобуси, гаражи и канцелариски простории – шокантни први снимки!

Голем и разорен пожар избувна во утринските часови на плац со гаражи и автобуси во Кочани, предизвикувајќи огромна материјална штета и вознемирување кај локалното население. Густ и црн облак од чад се издигна високо над градот, кој беше јасно видлив дури и од околните населени места.

Во акцијата за локализирање и гаснење на огнената стихија беа мобилизирани сите располагачки сили, па така на терен беа ангажирани десетина противпожарни возила и околу 30 пожарникари од Територијалните противпожарни единици од Кочани и Виница, како и членови на Доброволното противпожарно друштво од Кочани, кои со заеднички сили спречија понатамошно ширење на огнот.

Според првичните официјални информации, пожарот уништил неколку автобуси, помошни гаражи и канцелариски простории, нанесувајќи големи материјални загуби. Засега сѐ уште нема прецизни податоци за причините што довеле до избувнување на пожарот, ниту пак информации за евентуално повредени лица, а надлежните служби најавуваат детален увид за утврдување на сите околности.

Најнови вести