Ноќта пред празникот во Скопје донесе уште еден загрижувачки вандалски чин, откако непознат сторител подметнал пожар на патнички автомобил паркиран во населбата.
Според официјалните информации од СВР Скопје, инцидентот бил пријавен на 31 октомври во 21:24 часот, кога било соопштено дека на булеварот „12-та Македонска бригада“ непознато лице со употреба на запалива течност намерно опожарило патничко возило марка „пежо“ со скопски регистарски ознаки, кое било во сопственост на 62-годишна жена од Скопје. За среќа, во инцидентот нема повредени лица, а наголема материјална штета и понатамошно ширење на огнот биле спречени благодарение на брзата реакција на сопругот на сопственичката, кој успел навремено да го изгасне пожарот со помош на противпожарен апарат.
Надлежните полициски служби преземаат интензивни мерки и истражни дејствија со цел целосно расчистување на овој случај, идентификување на сторителеитот и утврдување на мотивите за подметнување на пожарот.








