ПРВ.мк
Свет

ВО ОВИЕ ПРИЗОРИ ЦЕЛИОТ СВЕТ ГЛЕДА СО НЕВЕРИЦА! Небото над Русија е крваво, столбови црн чад прекрија сè - Путин се одлучи на потег од кој се плашеше целиот свет

ВО ОВИЕ ПРИЗОРИ ЦЕЛИОТ СВЕТ ГЛЕДА СО НЕВЕРИЦА! Небото над Русија е крваво, столбови црн чад прекрија сè - Путин се одлучи на потег од кој се плашеше целиот свет

Нов сериозен удар врз руската нафтна индустрија е забележан во текот на изминатата ноќ, кога голема рафинерија на нафта лоцирана во Русија била мета на напад со беспилотни летала, пренесуваат светските и регионалните медиуми повикувајќи се на украински извори.

Според извештаите што ги објави порталот „Киев инхендент“, на удар се нашла значајната рафинерија „Норси“, попозната како „Лукоил-Нижегороднефтеоргсинтез“, сместена во градот Кстово во Нижегородската област, на околу 800 километри од границата со Украина. Информациите и видео-снимките од наводниот напад првично беа споделени на неколку теренски канали на Телеграм, додека рускиот независен медиум „Астра“ исто така потврди дека постројката била погодена и дека на местото на настанот избил пожар, иако официјалните размери на штетата во првичните моменти не можеа независно да се утврдат.

Рафинеријата „Норси“ претставува четврта по големина рафинерија на нафта во Руската Федерација и втор најголем производител на бензин во земјата, со годишен капацитет на преработка од 15 до 17 милиони тони сирова нафта. Освен бензин, таа произведува и дизел, битумен и авионско гориво (керозин), поради што има исклучително клучна улога и стратешко значење во снабдувањето на руските вооружени сили со гориво.

Ова не е прв пат овој витален објект да се најде на мета. Рафинеријата и претходно била цел на напади, а во потврдениот инцидент што се случи на 26 август, таа претрпе сериозни оштетувања и беше зафатена од голем пожар, поради што беше принудена привремено да го обстави работното производство.

Најнови вести