ПРВ.мк
Црна Хроника

ХОРОР ВО БОЛНИЦАТА ВО ГОСТИВАР: Побарал лекарска помош, докторот го одбил во лице, а обезбедувањето го исфрлило на улица како криминалец!

ХОРОР ВО БОЛНИЦАТА ВО ГОСТИВАР: Побарал лекарска помош, докторот го одбил во лице, а обезбедувањето го исфрлило на улица како криминалец!

Во текот на ноќта во Гостивар се регистрирал необичен и загрижувачки инцидент откако 53-годишен маж поднел пријава во полиција поради тоа што му била ускратена основна здравствена заштита во локалната медицинска установа.

Според официјалните информации од СВР Тетово, лицето со иницијали А.И. во 00:30 часот по полноќ пријавило дека околу 23:40 часот се обратило за лекарска помош во Ургентниот центар во Гостивар поради силни и неподносливи болки во стомакот. Сепак, според наводите во пријавата, дежурниот лекар на одделението категорично одбил да му укаже соодветна медицинска помош или воопшто да го прегледа и упати на понатамошно лекување во друга здравствена институција.

Ситуацијата дополнително ескалирала кога, според сведочењето на пријавителот, наместо да му биде овозможен преглед, тој бил насилно отстранет и исфрлен од просториите на Ургентниот центар од страна на службениците од физичкото обезбедување. Надлежните полициски служби веднаш преземаат мерки и активности за целосно расчистување на сите околности околу овој настанот и утврдување на одговорноста на инволвираните лица.

Најнови вести