ПРВ.мк
Свет

(ФОТО) КРАЖБА СО УЖАСНИ ПОСЛЕДИЦИ НА ПРОТЕСТИТЕ: Ограбиле продавница за оружје, а потоа започна војна на улиците со полицијата!

(ФОТО) КРАЖБА СО УЖАСНИ ПОСЛЕДИЦИ НА ПРОТЕСТИТЕ: Ограбиле продавница за оружје, а потоа започна војна на улиците со полицијата!

Во центарот на Франкфурт вечерта дојде до тешки немири и судири со полицијата, откако протест на генерацијата Зет (Gen Z) ескалираше во насилство и вандализам. Група изгредници ја искористи ситуацијата за да крши излози, а воедно провалиле и во продавница за оружје од каде што украле две пушки.

Според германските медиуми, немирите започнале во околината на познатата трговска улица Цајл, каде што се собрале околу 8.000 демонстранти. На почетокот собирот се одвивал мирно, но во раните вечерни часови околу стотина агресивни лица ги нападнале полициските службеници со шишиња, камења и пиротехнички средства. Притоа, неколку полицајци се здобиле со повреди.

Опљачкана продавница за оружје и специјална полициска интервенција

Откако полицијата со водени топови интервенирала за да ја растера толпата која го разбила излогот на продавницата за обувки „Снајпс“, група изгредници се преместила во соседна улица каде што упаднала во продавница за оружје. Од таму биле однесени најмалку две пушки.

Благодарение на брзата реакција на специјалните полициски сили, блокирана е целата област, уапсено е едно лице и пронајдени се двете украдени парчиња оружје. Во текот на ноќта приведени се десетици лица поради кршење на јавниот ред и мир и насилство, додека ситуацијата во градот остана напната. Според првичните проценки од Министерството за внатрешни работи на покраината Хесен, зад насилствата стојат радикално nастроени групи.

Најнови вести