ПРВ.мк
Црна Хроника

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ВО ГОСТИВАР: Две лица уапсени при купопродажба на кокаин и марихуана - полицијата откри шокантни детали!

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ВО ГОСТИВАР: Две лица уапсени при купопродажба на кокаин и марихуана - полицијата откри шокантни детали!

Полициските службеници од СВР Тетово, односно од Надворешната канцеларија за криминалистички работи во Гостивар, реализираа успешна полициска акција насочена кон сузбивање на недозволената трговија со наркотични дроги, при што на улицата „Беличица“ во Гостивар беа уапсени две лица откако полицијата ги затекна во непосреден чин на купопродажба на наркотици.

При преземените оперативно-тактички мерки и детален преглед извршен на лице место, кај 42-годишниот Б.И. и 48-годишниот С.Ј., двајцата од Гостивар, беа пронајдени и одземени количества кокаин и марихуана. Веднаш по акцијата, а по претходно обезбедена судска наредба, полицијата изврши претрес и во дометот на Б.И., каде што се пронајдени дополнителни шест пакувања со кокаин, како и парични средства во различни апоени кои се сомничат дека потекнуваат од продажбата на дрога.

Двете лица се приведени и задржани во полициската станица за понатамошна кривична обработка, по што против нив ќе бидат поднесени соодветни законски поднесоци до надлежното обвинителство.

Најнови вести