ПРВ.мк
Црна Хроника

ХОРОР ВО ДОМОТ НА 76-ГОДИШЕН СКОПЈАНЕЦ: Го нападнале познаници, го удриле со кундак од огнено оружје - еве колку пари му земале!

ХОРОР ВО ДОМОТ НА 76-ГОДИШЕН СКОПЈАНЕЦ: Го нападнале познаници, го удриле со кундак од огнено оружје - еве колку пари му земале!

Во раните утрински часови, односно денеска во 05:30 часот, во СВР Скопје бил пријавен ра разбојнички и физички напад кој се случил претходната вечер во семеен дом во скопскиот регион.

Според пријавата поднесена од 76-годишниот К.П., инцидентот се одиграл на 31 октомври околу 21:15 часот, кога во неговиот дом неочекувано упаднале две лица кои тој ги познавал. Напаѓачите веднаш физички го нафрлиле сопственикот, при што ситуацијата ескалирала кога едно од лицата го удрил со кундак од огнено оружје, нанесувајќи му повреда. По краткото малтретирање, двете лица успеале да му одземат парични средства од домот, по што се разбегале во непознат правец.

Надлежните полициски служби веднаш преземаат мерки и активни истражни дејствија за целосно расчистување на овој насилен настанот, идентификување на сторителите и нивно приведување пред лицето на правдата.

Најнови вести