ПРВ.мк
Балкан

КРВАВ АСФАЛТ И УГАСНАТ СОН: Младиот џудист Лазар загина, неговиот брат близнак преживеа – а возачот што го предизвика хаосот се брани од слобода!

КРВАВ АСФАЛТ И УГАСНАТ СОН: Младиот џудист Лазар загина, неговиот брат близнак преживеа – а возачот што го предизвика хаосот се брани од слобода!

Во Основниот суд во Нови Сад за почетокот на ноември е закажано продолжение на судењето против 43-годишниот возач С.С. од Смедеревска Паланка, кој се товари за тешка сообраќајна несреќа што се случи минатата година на автопатот кај Нови Сад, а во која животот го загуби талентираниот 16-годишен џудист Лазар П. од Белград.

Според информациите од судот, на претходното рочиште одржано во септември обвинетиот ја изнел својата одбрана, додека новиот главен претрес и продолжението на доказниот постпук се закажани за овие денови. Истовремено, судското веће донело одлука да му ја укине мерката за забрана на напуштање на станот со електронски надзор, со образложение дека околностите поради кои била воведена ја изгубиле поранешната интензивност и повеќе не постои опасност од повторување на делото, поради што тој е пуштен на слобода до завршување на судскиот процес.

Трагичната сообраќајна несреќа се случи во раните утрински часови кога комбито марка „опел виваро“, управувано од обвинетиот, од засега неутврдени причини излетало и се превртело на патот. Во возилото се наоѓале осум малолетни патници на возраст од 13 до 16 години, членови на џудо клубот „Партизан“, кои се враќале од меѓународен спортски камп и натпревар во Азербејџан, од каде што со авион слетале во Будимпешта, а патувањето кон дома го продолжиле со комбито.

Од силината на ударот и превртувањето, 16-годишниот Лазар починал на самото место на несреќата, додека седум други малолетници, меѓу кои и неговиот брат близнак, како и самиот возач, здобиле повреди со различен степен и итно биле пренесени во Клиничкиот центар на Војводина. Полициските испитувања потврдија дека возачот не управувал со возилото под дејство на алкохол, а судењето продолжува со утврдување на сите околности кои доведоа до оваа голема спортска и семејна трагедија.

Најнови вести