Жена во Сен Мало, Франција, е уапсена откако се обидела да киднапира автобус, извикувајќи „Алаху акбар“, соопшти канцеларијата на јавниот обвинител на градот.
32-годишната жена наводно одеднаш станала од своето место во автобусот и се стрчала кон возачот. Јавниот обвинител на Сен Мало, Фабрис Тремел, изјави дека „таа го зграпчила воланот на возилото, кое сè уште се движело, извикувајќи „Алаху акбар““.
Возачот успеал да ја врати контролата врз возилото, а потоа нагло закочил. Еден патник е полесно повреден.
Полицијата брзо пристигнала на местото на настанот и ја запрела жената без отпор, особено благодарение на интервенцијата на нејзината мајка, која исто така била во автобусот.
Осомничената е приведена и претходно не ѝ била позната на полицијата. Обвинителството на Сен Мало започна истрага по обвинение за оправдување на тероризам и сериозно насилство.














