ПРВ.мк
Свет

Овој град воведува „Safe City“ со вештачка интелгенција - еве колку прекшоци открија камерите!

Овој град воведува „Safe City“ со вештачка интелгенција - еве колку прекшоци открија камерите!
Kristal

Грчките власти започнаа пилот-проект „Safe City“ во Атина, користејќи камери со вештачка интелигенција за подобрување на безбедноста во сообраќајот. Резултатите од првите четири дена се шокантни – системот регистрирал повеќе од 2.000 сериозни прекршоци!

Само една камера поставена на авенијата Сингру, една од најфреквентните сообраќајници во градот, открила над 1.000 прекршоци поврзани со користење мобилен телефон и неносење безбедносен појас. Исто така, системот евидентирал околу 800 случаи на пребрзо возење и 480 поминувања на црвено светло.

Пилот-програмата опфаќа осум најризични локации во градот и има за цел да спречи несреќи и да ги спаси човечките животи, а не само да казнува. Грчкиот министер за дигитално управување, Димитрис Папастергиу, нагласи дека фокусот е на превенција и фер спроведување на правилата.

По завршувањето на пилот-фазата, властите ќе анализираат податоците за да одлучат дали системот ќе се прошири и на други делови од Атина, како и на други грчки градови.

FixCredit
Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape