ПРВ.мк
Свет

ОВА СЕ СЛУЧУВА ПРВ ПАТ ПО РЕЧИСИ 400 ГОДИНИ: Поранешниот принц Ендру ја тужи полицијата - еве која е причината!

ОВА СЕ СЛУЧУВА ПРВ ПАТ ПО РЕЧИСИ 400 ГОДИНИ: Поранешниот принц Ендру ја тужи полицијата - еве која е причината!

Поранешниот британски принц Ендру Маунтбатен-Виндзор, кој беше приведен со големо внимание од медиумите пред осум месеци, побара од судијата да утврди дали постапувањето на полициските службеници кон него било законско, објави денеска британски „Телеграф“.

Тој поднесе барање за судски преглед во врска со налозите за претрес кои ѝ овозможија на полицијата да изврши рација во неговиот дом на имотот Сандрингем и во неговата поранешна резиденција Ројал Лоџ во Виндзор.

Ова е првпат член на кралското семејство да ја оспори законитоста на кривичната постапка против себе уште од судењето на Чарлс I во 1649 година.

„Наскоро рочиште зад затворени врати“

„Телеграф“ тврди дека подоцна оваа недела во Високиот суд ќе се одржи рочиште зад затворени врати, на кое ќе се одлучува за објавување одредени судски документи поврзани со овој судски преглед.

Поранешниот принц беше уапсен во февруари на имотот Марш Фарм во Норфолк, на неговиот 66-ти роденден, по објавувањето на материјали во досиејата за Епстин кои сугерираат дека можеби споделувал чувствителни информации со осудениот сексуален престапник Џефри Епстин додека бил трговски пратеник на Обединетото Кралство меѓу 2001 и 2011 година.

Откако бил однесен во полициската станица Ајлшам, тој бил испитуван речиси 12 часа поради сомнение за злоупотреба на службената положба. Поранешниот принц наводно му препраќал на Епстин извештаи од своите посети на Хонгконг, Сингапур, Виетнам и Кина.