ПРВ.мк
Свет

Откриена тајна снимка: Трамп му се заканил на Путин со бомбардирање на Москва

Откриена тајна снимка: Трамп му се заканил на Путин со бомбардирање на Москва
Escape

На површина исплива шокантна аудио-снимка од приватен состанок на Доналд Трамп со донатори, на која поранешниот претседател открива дека му се заканил на Владимир Путин со целосно уништување на Москва ако Русија ја нападне Украина.

„Му реков: ако ја преминеш границата – Москва ќе ја снема. Немам друг избор“, вели Трамп на снимката која ја објави CNN, повикувајќи се на новата книга „2024“ од тројца истражувачки новинари.

Според Трамп, Путин наводно не му поверувал целосно – но, според него, сепак постоело „најмалку 10% страв“ кај рускиот лидер. Истата стратегија, тврди Трамп, ја применил и кон кинескиот претседател Си Џинпинг, на кого му се заканил со бомбардирање на Пекинг ако Кина го нападне Тајван. „Мислеше дека сум луд“, се пошегувал Трамп, „но никогаш не правеше проблеми“.

Овие коментари се дел од серија снимки од затворени собири со донатори во Њујорк и Флорида, каде што Трамп, надвор од камера, зборувал далеку поотворено за своите надворешнополитички тактики, депортации и верувањето дека „гласачите на социјална помош секогаш се на страната на демократите“.

Кампањата на Трамп одби да ги коментира овие откритија, но снимките откриваат една агресивна дипломатска реторика со која тој сака да ги убеди најбогатите поддржувачи дека само тој може да го „смири светот“.

Трамп во неколку наврати тврдеше дека и војната во Украина и конфликтот во Газа никогаш немало да се случат ако тој бил претседател. Сега, во нов обид да се врати во Белата куќа, ги користи овие наративи како централен дел од кампањата.

„Не сум задоволен од Путин“, изјави Трамп неодамна, повторно истакнувајќи дека рускиот лидер ја одбива секоја мировна понуда и „фрла глупости“ во насока на САД.

Ask ChatGPT

ВИДЕО

Mia Home Mavrovo