Американскиот претседател Доналд Трамп се огласи на неговата социјална мрежа Truth Social, објавувајќи:
„Операцијата заврши! Пациентот преживеа и се опоравува. Прогнозата е дека пациентот ќе биде посилен и подобар од сега. Да ја направиме Америка повторно голема!“
Трамп исто така најави воведување царини од 10 отсто на целиот увоз во САД, како и повисоки царини за некои од најголемите трговски партнери на земјата. Овие мерки ќе ја интензивираат трговската војна што започна по неговото враќање во Белата куќа.
„Тоа е наша декларација за независност“, изјави Трамп на настан во градината на Белата куќа, држејќи плакат со реципрочни царини, вклучувајќи ги и оние од 34 отсто за Кина и 20 отсто за Европската унија.
Претходно, Трамп веќе воведе царини од 20 отсто на целиот увоз од Кина, како и 25 отсто на увозот на челик и алуминиум. Покрај тоа, овие мерки беа проширени на производите направени од овие материјали во вредност од скоро 150 милијарди долари.