На 05.04.2025 во 21.40 часот во СВР Скопје, К.Б. пријавил дека на подрачјето на општина Аеродром, бил физички нападнат од три лица, при што му биле одземени новчаник со пари и мобилен телефон.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.