ПРВ.мк

Двајца напаѓачи се обиделе да запалат казино во Скопје

Двајца напаѓачи се обиделе да запалат казино во Скопје

Двајца непознати напаѓачи вчера рано утрото фрлиле молотов коктел пред влезот во казино во скопската населба Чаир, соопшти МВР.

„На 08.04.2025 година во 03:31 часот во СВР Скопје, од казино на подрачјето на Чаир било пријавено дека пред влезот на казиното две лица фрлиле шише со запалива течност, а вработени од обезбедувањето го изгаснале пожарот. Повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти полицијата

Agria