Преку повикувачкиот број за итни случаи 112, во Центарот за управување со кризи (ЦУК) е пријавено паднато дрво на улицата „Анкарска“, во близина на познатиот реон наречен „Млечен ресторан“.
При падот, дрвото оштетило три паркирани возила. Полицијата е веќе на терен, а настанот е пријавен и до ЈП „Паркови и зеленило“, кои треба да го отстранат дрвото од улицата.
Дополнително, при падот се скинати и кабли од бандера. Од ЦУК, преку Секторот за операции и координација (СОК), се известени и координирани сите надлежни институции за санација на оштетените и откачени кабли.