Во трагична несреќа во Санто Доминго, главниот град на Доминиканската Република, најмалку 98 лица загинаа, а повеќе од 150 се повредени откако покривот на ноќниот клуб Џет Сет се урна. Несреќата се случила во раните утрински часови во вторникот, додека се одржувал концерт на популарниот меренге пејач Рубио Перез.
Меѓу загинатите е и гувернерот на покраината и поранешен бејзбол играч во САД, Октавио Дотел (51). На концертот имало околу стотина присутни, а голем број спасувачи продолжуваат да ги пребаруваат урнатините во надеж дека има преживеани под останките на покривот.
Спасувачките служби се уште се надеваат дека ќе успеат да извлечат живи луѓе од урнатините.