ПРВ.мк

80% од луѓето го имаат овој проблем, а не знаат дека се решава многу едноставно

80% од луѓето го имаат овој проблем, а не знаат дека се решава многу едноставно

Девијација на носот – проблем што го имаат повеќето луѓе, но малкумина го решаваат

Повеќе од 80 отсто од луѓето на планетата имаат одреден степен на девијација на носната преграда, а многумина, поради страв од операција, со години трпат здравствени проблеми. Наместо да го решат основниот проблем, тие се потпираат на лекови што даваат само привремено олеснување.

Можеби цел живот дишете неправилно, а тоа ни не го знаете?

Честите настинки, хронична замореност, проблеми со спиење, рчење или постојана затнатост на носот – сите овие симптоми може да бидат последица токму на девијацијата.

Vero

За оваа тема, за српската ТВ Прва зборуваа пациентката Бојана Костиќ, која неодамна ја направила операцијата на носната преграда, и проф. д-р Иван Баљошевиќ, специјалист по оториноларингологија.

Искуство од прва рака

– На операцијата се решив првенствено поради здравствени причини. Имав потешкотии со дишењето, кое ми го попречуваше искривената преграда. Се беше изведено одлично, без компликации, и дури и постоперативниот тек – кој сè уште трае – минува многу добро – изјави Костиќ, додавајќи дека на сите што имаат слични проблеми би им препорачала да не одложуваат и да направат корекција.

Како самите да препознаете симптоми?

Проф. д-р Баљошевиќ објаснува дека носната празнина е поделена со септум – преграда која ретко кај кого е сосема права.

– Девијацијата претставува искривување на оваа преграда во левата или десната страна. Над 80% од луѓето имаат одреден степен на девијација, што може повеќе или помалку да им пречи – вели тој.

Интересно е и тоа што, според докторот, човекот никогаш не дише рамномерно на двете ноздри.

Функцијата на носот – многу повеќе од само дишење

– Носот има задача да го филтрира воздухот што го внесуваме. На влезот има влакненца, а внатре милиони мали трепки кои го прочистуваат и загреваат воздухот. Без разлика дали надворешната температура е +40 или -20, кога ќе стигне до белите дробови, воздухот е веќе соодветен на телесната температура – објаснува проф. Баљошевиќ.

Девијацијата не е само естетски проблем, туку здравствен – кој, за среќа, има решение.

Agria