ПРВ.мк

Руски авиони предизвикаа тревога – НАТО борбени авиони итно подигнати

Руски авиони предизвикаа тревога – НАТО борбени авиони итно подигнати

Нова тензија на небото над Источна Европа – НАТО активираше борбени авиони откако руски воен авион се доближи до полскиот воздушен простор. Инцидентот се случил во четвртокот, кога британски борбени летала, стационирани во базата Малборк, биле итно кренати во воздух за да го пресретнат и следат движењето на рускиот авион.

Полскиот вицепремиер и министер за национална одбрана, Владислав Косиниак-Камиш, изјави дека станува збор за уште една директна провокација од страна на Руската Федерација. Тој предупреди дека ваквите инциденти не се изолирани и оти ризикот по безбедноста на регионот е реален и сериозен.

Британскиот контингент на Кралското воено воздухопловство, кој веќе три недели е распоредeн во Малборк, брои шест борбени авиони и е дел од мисијата на НАТО „Baltic Air Policing“. Покрај нив, дел од силите се наоѓаат во Литванија и Естонија, со задача да го чуваат воздушниот простор над балтичките земји, Полска и Балтичкото Море.

Официјални претставници на НАТО соопштија дека внимателно ја следат ситуацијата и дека секоја закана кон сојузничките земји ќе биде соодветно адресирана.

Vero
Agria