ПРВ.мк

Лејкерси ја декласираа Оклахома – Дончиќ броеше до 30

Лејкерси ја декласираа Оклахома – Дончиќ броеше до 30
Jumbo Banner

Лос Анџелес Лејкерс го декласира лидерот во НБА лигата Оклахома Сити Тандер и се пробија на третото место на табелата во Западната конференција. Лејкерси славеа во Оклахома со 126:99.

Лука Дончиќ ги предводеше Лејкерси со 30 поени (11/20 од поле и 5/11 за тројки) со седум скока и шест асистенции, додека 26 поени, девет асистенции и три скока забележа најдобриот играч на Оклахома, Шеј Гилџес-Александер, кој воопшто не играше во последната четвртина.

Од редовите на победничкиот тим се истакнаа Остин Ривс со 20 и 40-годишниот Леброн Џејмс со 19 поени.

Лејкерси го совладаа најдобриот тим на Западот и најдобрата одбрана во лигата, постигнувајќи речиси исто толку поени (78) на полувремето како и во првиот натпревар меѓу овие два тима оваа сезона (93).

ELS

Ова беше втор пораз во низа за Оклахома но нема да промени ништо бидејќи се први на Западот.

Интересно е што Шеј Гилџес-Александер не изведе ниту едно слободно фрлање, што му се случува прв пат по 2021 година.

Во ниту еден момент од овој натпревар Оклахома не беше блиску до победата, најдобрата одбрана во лигата, во првата четвртина прими 42 поени.

Лејкерси во втората четвртина брзо дојдоа до +29, а во првото полувреме реализираа дури 15 тројки од 22 обиди. Мечот го завршија со 22 погодени тројки од 40 обиди.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран