Поранешната германска канцеларка, Ангела Меркел, изразила поддршка за построга миграциска политика која ја планира новата влада составена од Христијанско-демократската унија (CDU/CSU) и Социјалдемократската партија на Германија (SPD).
Во интервју за јавниот сервис Deutschlandfunk, Меркел, која во текот на мигрантската криза во 2015 година ги отвори германските граници за повеќе од милион баратели на азил, изјави дека и покрај разликите во „дикцијата и тонот“, нејзината политика тогаш била слична на онаа која сега ја поддржува новиот канцелар, Фридрих Мерц. Според неа, суштински не се разликуваат. Меркел додаде дека и таа се залагала за борба против нелегалната миграција, казнувањето на трговците со луѓе и за спречување на мигрантите да ги ризикуваат своите животи на патот до Германија.
Таа истакна дека е во ред да се одбијат барателите на азил на германската граница по консултациите со соседите, додавајќи дека миграциските прашања не треба да се решаваат само на германско-австриската граница, туку идеално на надворешните граници на Европа.
„Миграциското прашање нема да се решава на германско-австриската граница, туку, идеално, на надворешните граници на Европа“, изјави Меркел за германскиот јавен сервис ARD.
Меркел ја коментираше и актуелната ситуација во врска со преговорите за формирање нова влада, истакнувајќи дека е задоволна што малку информации излегле во јавност од преговорите помеѓу CDU/CSU и SPD.
Во однос на Фридрих Мерц, Меркел изјави дека има „апсолутна волја за власт“, додавајќи дека помеѓу нив стоела фактот што и двајцата сакале да бидат на чело на партијата.