ПРВ.мк

Коњановски: Битола е горда на младите ракометари на Еурофарм Пелистер

Коњановски: Битола е горда на младите ракометари на Еурофарм Пелистер

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, им честиташе на кадетите на РК Еурофарм Пелистер за историскиот успех и пласманот на Ф4 турнирот во младинската ракометна Лига на шампиони. По драматичната победа со 37-36 над Динамо Букурешт, младите пелистерци обезбедија место меѓу најдобрите четири екипи во Европа во категоријата до 18 години.

„Битола е горда на вас момци! Го носите името на нашиот град со гордост и срце на европската сцена“, изјави Коњановски. Успехот доаѓа како резултат на посветената работа на младите играчи, тренерскиот тим и поддршката од клубот и заедницата.

Agria