Во присуство на министерот за спорт Борко Ристовски и градоначалникот на Тетово, Биљал Касами, денеска беа отворени новите спортски терени во рамки на ОСМУ „Никола Штејн“. Новиот спортски центар претставува значаен чекор напред во развојот на спортската инфраструктура во градот и пошироко.

Целта на проектот е јасна – да се создадат услови за спорт и рекреација на младите, како и да се поттикне здрав начин на живот и натпреварувачки дух.
Во рамките на новиот центар се изградени:
• фудбалско игралиште со вештачка трева,
• терен за одбојка со вештачка подлога,
• кошаркарско игралиште со полипропиленски под според ФИБА стандарди,
• трибина со капацитет од околу 300 седишта.

„Ова е уште еден доказ дека инвестираме со цел и визија. Продолжуваме да работиме посветено на современа и достапна спортска инфраструктура ширум целата држава,“ изјави министерот Ристовски.