ПРВ.мк

Макрон: Потребна е силна акција доколку Русија продолжи со напади во Украина

Макрон: Потребна е силна акција доколку Русија продолжи со напади во Украина
Jumbo Banner

Францускиот претседател Емануел Макрон  денеска ги осуди новите смртоносни напади на Русија во Украина и повика на „силни акции“ доколку Москва продолжи да „го отфрла мирот“.

Тие руски напади мора да престанат. Потребен е прекин на огнот што е можно поскоро. И силна акција доколку Русија продолжи да бара да добие време и да го отфрли мирот, напиша Макрон на социјалната мрежа Х, без да прецизира за каква акција ќе се работи.

Европејците би можеле да воведат дополнителни санкции за да го задржат притисокот врз Русија и да ја охрабрат да започне мировни преговори.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека бројот на руски воздушни напади против неговата земја „се зголемува“ и дека притисокот врз Русија се уште е недоволен.

Конкретно, Украина бара поголеми економски санкции, кои Русија се обидува да ги ублажи.

ELS

Додека пред речиси еден месец Украина го прифати предлогот на претседателот на САД Доналд  Трамп за целосен и безусловен прекин на огнот за 30 дена и ние работиме со сите наши партнери на начини да обезбедиме мир, Русија ја продолжува војната со нов интензитет, не обрнувајќи внимание на цивилите, рече Макрон.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран