ПРВ.мк

БОЈКОСКИ ЗА КАКО ШТО РЕЧЕ, ЛИЦЕМЕРИЕТО НА ЛЕВИЦА ЗА РЕГИОНАЛНАТА ДЕПОНИЈА

БОЈКОСКИ ЗА КАКО ШТО РЕЧЕ, ЛИЦЕМЕРИЕТО НА ЛЕВИЦА ЗА РЕГИОНАЛНАТА ДЕПОНИЈА

На денешната седница на Советот на Општина Битола на барањето на Левица, реплицираше советникот од ВМРО ДПМНЕ, Бојан Бојкоски кој зборуваше за како што рече, лицемерието на Левица и нивното барање за поништување на одлуката од претходната седница.

Бојковски емитуваше аудио запис од предизборната кампања на Левица во изборната единица 5 предводена од Јована Мојсоска.

„Лицемерието на Левица. Што ветуваа за време на изборите?  Што побаруваат сега? За информација на граѓаните во предизборната програма на Левица пишува: одговорност на градоначалниците на општините кои биле должни да ги затворат и рекултивираат дивите депонии и во делот одржливо менаџирање со отпадот, страна 53, вака викаат од Левица: изградба и опремување на петте модерни државни депонии, центри за селекција, преработки и рециклирање и депонирање на селектрираниот отпад по највисоки еколошки стандарди. Колегата ги манипулира и граѓаните и советниците тука.

Има и спот каде што носителот на изборната единица 5 Јована Мојсоска ветува вака: Да слушнат граѓаните, а потоа ќе побарам од претседателката да ми овозможи да ја видат граѓаните. Еве што вика Јована Мојсоска. ( Програмата на Левица е водена од потребите на човекот, а не на профитот, дел од заложбите за кои се бориме се во доменот на животната средина, за заштита на почвата од загадување, изградба на модерни и државни регионални депонии по највисоки еколошки стандарди. Дали е можно, се прашува народот), се слуша на аудио снимката што ја емитуваше Бојкоски.

Vero

„Точно, дали е можно ова од Левица се прашува народот, вакво лицемерие да има, лажат во очи не лажат”, објасни Бојкоски.

Agria