Новиот сет на тарифи на Трамп стапи на сила утрово за приближно 60 земји ширум светот.
Кина сега се соочува со вкупна стапка од 104 отсто царини за увоз од 6 часот наутро по европско време.
За Виетнам беше воведена царина од 46 отсто, за Тајланд 36 отсто, за Јапонија 24 отсто и за Европската унија 20 отсто.
Додека Доналд Трамп продолжува да ги проширува тарифите ширум светот, голем број од нив веќе стапија на сила порано, вклучувајќи ја и основната царина од 10 проценти што беше воведена минатата сабота.
Актуелниот американски претседател веќе во неколку наврати воведе таргетирани царински оптоварувања за одредени земји и сектори. Еве преглед на тарифите кои во моментов се веќе во сила:
Автомобили: 25% царина за увезените возила, стапи на сила минатиот четврток;
Челик и алуминиум: 25% царина за целиот увоз на челик и алуминиум, што се применува од минатиот месец;
Мексико и Канада: 25% царина за одредени категории на стоки од двете земји – иако некои мерки се привремено суспендирани;
Кина: 20% царини за целиот кинески увоз, воведени минатиот месец.
Овие царини се дел од пошироката стратегија на Трамп „Америка на прво место“, со која актуелниот претседател се обидува да ги реиндустријализира САД и да го намали трговскиот дефицит, но аналитичарите предупредуваат на можни последици за американските потрошувачи и глобалната трговија.