Големата музичка ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ синоќа приреди незаборавен концерт во Врање, исполнет со емоции, хитови и спектакуларна атмосфера.
Фолк дивата привлече внимание со впечатлив изглед — во мини шорцеви и со долга, пуштена коса — но најмногу реакции предизвика еден неочекуван гест. Во текот на настапот, Цеца го зеде македонското знаме од Кутлеш, симбол кој се користеше во деведесеттите години, и гордо го рашири пред публиката.
„Нема поубава глетка од тоа кога ќе го подигнам знамето на друга држава во мојата земја. Браво, браво!“ – рече таа пред воодушевената публика.
Таа додаде дека знамето го добила од еден од своите пратечки вокали кој е од Македонија: „Сега е со мене, себична сум кога е во прашање мојата публика.“
Настанот предизвика реакции на социјалните мрежи, каде дел од публиката го поздрави гестот, додека други го сметаат за провокација.