Американските власти објавија видеоснимка поврзана со нападот што се случи за време на гала-вечера во Вашингтон, на која присуствуваше претседателот Доналд Трамп.
Според информациите, тешко вооружен маж успеал да пробие безбедносен пункт на настанот со новинарите, по што бил совладан од безбедносните сили. Во инцидентот биле испукани истрели, а Трамп бил веднаш евакуиран од неговото обезбедување.
Федералната обвинителка за Округот Колумбија, Џанин Пиро, соопшти дека снимката е објавена за да се разјасни текот на настаните и да се отфрлат тврдењата дека пукањето било резултат на „пријателски оган“.
Според неа, видеото доставено до судот го прикажува осомничениот Кол Ален како пука кон припадник на Тајната служба. На снимките, исто така, се гледа дека тој претходно го набљудувал просторот во хотелот „Хилтон“.
Ален во понеделникот беше обвинет за обид за атентат врз Трамп, а ФБИ и обвинителството продолжуваат со истрагата за целосно расчистување на случајот.
ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВИДЕОТО ТУКА









