Фудбалската федерација на Македонија го претстави новиот дрес на македонската репрезентација, изработен во соработка со Adidas. Од ФФМ порачуваат дека новиот изглед ја носи симболиката на гордоста, единството и идентитетот на земјата.

Дизајнот е замислен како спој на едноставност, стил и јасна порака за тоа што претставува македонската репрезентација кога излегува на терен. Секој детал на дресот треба да пренесе емоција, припадност и надеж за нови спортски успеси.

ФФМ е дел од програмата UEFA Kit Assistance Scheme, преку која националните асоцијации добиваат можност да користат специјализирани решенија за дизајн на тимска опрема.

Новите дресови се дел од свежиот визуелен идентитет на репрезентацијата и најавуваат нова етапа за македонскиот фудбал.










