Во кинеската покраина Сечуан, новоотворениот мост Хонгчи делумно се урна, а засега не е познато дали има жртви, објави Ројтерс.
Според првичните информации, дел од пристапниот пат и трупот на мостот се срушиле, што предизвикало лизгање на земјиштето и сериозни оштетувања на конструкцијата.
Мостот, долг 748 метри, е дел од националниот автопат кој ја поврзува покраината Сечуан со Тибет, а пукнатините наводно се појавиле поради обилните дождови во последните денови.
Изградбата на мостот беше завршена пред само неколку месеци, а изведувач на проектот беше компанијата „Сечуан Роудс енд Бриџ Груп“. Властите во Кина започнаа истрага за причините за колапсот, а на терен се испратени екипи за проценка на штетата и евентуално спасување.
ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВИДЕОТО ТУКА
















