ПРВ.мк
Свет

НОВИОТ ЗАКОН ГИ МЕНУВА ПРАВИЛАТА ЗА МИГРАНТИТЕ!

НОВИОТ ЗАКОН ГИ МЕНУВА ПРАВИЛАТА ЗА МИГРАНТИТЕ!
Kristal

Данската влада најави радикални промени во имиграциската политика, со закон што ќе овозможи протерување на значително поголем број странски државјани, вклучително и лица осудени за тешки кривични дела. И покрај предупредувањата за можен судир со Европскиот суд за човекови права во Стразбур, Копенхаген реши да оди чекор подалеку.

Премиерката Мете Фредериксен порача дека Данска нема да чека промена во толкувањето на Европската конвенција за човекови права, туку самата ќе ги заостри правилата. Според неа, владата има поинакво гледиште од оние што тврдат дека новите мерки ја нарушуваат конвенцијата, дури и ако тоа отвори правни битки.

Најавените измени предвидуваат полесна депортација на странски државјани осудени на најмалку една година затвор, воведување електронски надзор за лица без регулиран престој, како и построги контроли на веќе издадените дозволи за престој. Дополнително, Данска планира повторно да ја отвори амбасадата во Сирија и да именува посебен пратеник задолжен исклучиво за депортации.

Владата разгледува и можност за отворање миграциски центар на Европската унија надвор од територијата на Унијата, што би било преседан. Копенхаген особено ги критикува одлуките на ЕСЧП со кои депортации биле стопирани поради семејни врски.

Иако поддршката за владата расте, прашањето за имиграцијата станува клучна тема пред изборите, а новите мерки веќе предизвикуваат жестоки реакции и во Европа и дома.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo