ПРВ.мк
Свет

„ВЛАДИМИРЕ, ДОЈДИ ВО КИЕВ, АКО СМЕЕШ, СЕ РАЗБИРА“ – Зеленски го прозва рускиот лидер, стигна експресен одговор од Кремљ!

„ВЛАДИМИРЕ, ДОЈДИ ВО КИЕВ, АКО СМЕЕШ, СЕ РАЗБИРА“ – Зеленски го прозва рускиот лидер, стигна експресен одговор од Кремљ!
Kristal

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека е подготвен за средба со рускиот претседател Владимир Путин во рамки на мировните преговори, но ја отфрли можноста таков состанок да се одржи во Москва или Белорусија, порачувајќи му на Путин да дојде во Киев „ако смее“.

„Апсолутно е невозможно да се сретнам со Путин во Москва. Тоа би било исто како средба со Путин во Киев. Можам исто така да го поканам во Киев – нека дојде. Јавно го поканувам, ако смее, се разбира“, изјави Зеленски, пренесува УНИАН.

Говорејќи за територијалните прашања, Зеленски истакна дека Украина е подготвена на компромис во рамки на мировните преговори, но дека и Русија мора да направи исто.

Тој наведе дека компромис не е постигнат кога станува збор за територијата, особено за Доњецката област. Според него, барањата што ѝ се наметнуваат на Украина не може да се сметаат за компромис, бидејќи подразбираат промена на територијалниот интегритет на државата.

Како „најмалку проблематично решение“, Зеленски ја посочи можноста украинските и руските сили да останат на сегашните позиции.

Зеленски додаде дека не биле водени понатамошни разговори за американскиот предлог регионот Донбас да се прогласи за слободна економска зона, бидејќи руската делегација немала мандат да одлучува за тие прашања.

Осврнувајќи се на размената на воени заробеници, Зеленски оцени дека Русија го запрела тој процес, наведувајќи дека Москва, според него, не ја гледа размената како корист за себе. Тој додаде дека Русија треба да размислува и за сопствените војници.

Песков: Путин не го поканил Зеленски никаде

Рускиот претседател Владимир Путин не го поканил проактивно Зеленски никаде, ниту му понудил каква било средба, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Путин не го поканил проактивно Зеленски никаде и не му понудил никакви средби. Ги видовме и ги слушнавме овие изјави. Има многу изјави во последните денови, всушност во последните часови“, изјави Песков пред новинарите, одговарајќи на прашање за реакцијата на Кремљ на јавниот повик што Зеленски го упати до Путин за директна средба во Киев, пренесува агенцијата РИА Новости.

Песков изјави и дека Русија не се согласува со ставот на генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, дека за разлика од Гренланд, принципот на самоопределување на народите не се применува на Крим и Донбас.

„Ние не се согласуваме со овие заклучоци и имаме свој, добро образложен став“, рече Песков, додавајќи дека таквите оценки се „длабоко погрешни од аспект на меѓународното право“.

Претходно, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Русија се обратила до ОН со барање да се разгледа дали може да се признае правото на народите на Донбас и Крим на самоопределување, како што било направено во случајот со Гренланд.

Песков истакна и дека Кремљ нема да направи компромис околу Донбас и нуклеарната електрана Запорожје.

„Важно е да се напомене дека нуклеарната електрана Запорожје е под руска контрола повеќе од две години“, рече Песков и додаде дека во тој контекст се поставува прашањето дали ставот на Зеленски значи дека киевскиот режим „ќе се обиде со борба да ја врати оваа нуклеарна електрана“.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo