ПРВ.мк
Свет

ПАНИКА ВО ЕВРОПСКА ЗЕМЈА: Детектирани радиоактивни честички во воздухот!

ПАНИКА ВО ЕВРОПСКА ЗЕМЈА: Детектирани радиоактивни честички во воздухот!
Kristal

Мали количини радиоактивни супстанции се откриени во примероци од воздухот во Финска, но нема ризик за јавното здравје, соопшти денес националната Агенција за радијациона и нуклеарна безбедност.

„Концентрациите беа многу ниски и не претставуваа опасност за луѓето или за животната средина“, се наведува во соопштението што го пренесува Ројтерс.

Финската агенција за радијациона и нуклеарна безбедност соопшти дека откриените радиоактивни супстанции не потекнуваат од финските нуклеарни електрани.

„Во многу случаи, изворот на радиоактивните супстанции не може со сигурност да се идентификува“, се додава во соопштението.

Финска, Шведска, Русија и поширокиот регион располагаат со повеќе нуклеарни реактори во ова подрачје.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo