ПРВ.мк
Свет

НОВА ЕПИДЕМИЈА: Смртоносен вирус што ги плаши светските здравствени власти

НОВА ЕПИДЕМИЈА: Смртоносен вирус што ги плаши светските здравствени власти
Kristal

Индиските здравствени власти се во вонредна состојба поради појава на опасниот вирус Нипа, кој се пренесува од лилјаци на луѓе и има стапка на смртност од 40 до 75%. Во близина на Калкута потврдени се пет случаи, а речиси 100 лица се ставени под надзор поради можен контакт со заразените.

Вирусот Нипа, кој СЗО го категоризира како патоген со висок епидемиски потенцијал, првпат се појавил во 1999 година во Малезија и Сингапур. Од тогаш, епидемии се регистрираат периодично во Јужна и Источна Азија, особено во Индија и Бангладеш. Најтешките епидемии во Индија се во Керала од 2018 година наваму.

Најновите случаи започнале во болницата „Нарајана“ во Барасат, 25 километри северно од Калкута. Првите заразени се двајца здравствени работници – медицинска сестра и лабораториски техничар. Медицинската сестра е во критична состојба и во кома. Во текот на изминатата недела се регистрирани уште три случаи, меѓу кои и еден лекар.

Симптомите започнуваат со треска, главоболка, болки во мускулите и повраќање, а брзо можат да прераснат во тешка пневмонија или воспаление на мозокот. Во најтешките случаи, пациентите паѓаат во кома во рок од 24 до 48 часа. Ниту лек, ниту одобрена вакцина не постојат засега.

Вирусот најчесто се шири преку контаминиран палмин сок или директен контакт со заразени животни и луѓе. Индиските власти спроведуваат интензивно тестирање и карантин за контактите со висок ризик, додека здравствените тимови се обидуваат да го локализираат жариштето и да спречат понатамошно ширење.

Експертите предупредуваат дека вирусот Нипа е глобална закана поради високата смртност и потенцијалот за меѓучовечко пренесување.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo