ПРВ.мк
Македонија

ПАДНА ДИЛЕРСКА МРЕЖА: Дрога криена под маса, притвор за четворица осомничени

ПАДНА ДИЛЕРСКА МРЕЖА: Дрога криена под маса, притвор за четворица осомничени
Kristal

Основното јавно обвинителство Гевгелија отвори истрага за сериозна злоупотреба поврзана со нелегална трговија со наркотични дроги на подрачјето на Валандово. Во фокусот на истрагата е осомничен кој подолг временски период, од октомври минатата година до крајот на јануари, држел поголеми количини марихуана и хашиш со намера за препродажба.

Според информациите, дрогата била скриена во угостителски објект во селото Јосифово, спакувана во најлонски и хартиени омоти и сокриена во пластична кофа под работна маса. При полициска акција биле пронајдени над 900 грама различни видови наркотична дрога, како и дигитална вага со траги од недозволени супстанции.

Истрагата открива дека случајот не е изолиран. Уште три лица се осомничени за организирана препродажба на марихуана во околината на лозови насади во Јосифово. Според обвинителството, еден од осомничените на 21 јануари продал поголема количина марихуана, која потоа била складирана во штала и пренесена во селото Пирава со цел понатамошно препакување и дистрибуција до крајни корисници.

При дополнителните претреси, полицијата запленила уште марихуана, семки од канабис и опрема за мерење на дрога.

Поради сериозноста на делото, јавниот обвинител предложи мерка притвор за сите четворица осомничени, за кои постои сомнение дека учествувале во нелегалниот ланец на трговија со дрога.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo