ПРВ.мк
Свет

Нов потег на Данска: Стотици војници заминуваат кон границите со Русија! - еве зошто

Нов потег на Данска: Стотици војници заминуваат кон границите со Русија! - еве зошто

Данска најави дека есенва ќе распореди баталјон од околу 850 војници во Летонија, како дел од напорите за зајакнување на безбедноста на источниот дел од НАТО и одвраќање на Русија.

Министерот за одбрана на Данска, Јепе Брус, изјави дека данскиот контингент ќе го замени шведскиот баталјон кој моментално е стациониран во балтичката земја.

„Важно е да ја одиграме својата улога во одвраќањето на Русија“, изјави Брус, нагласувајќи дека распоредувањето е дел од заедничките активности на Алијансата.

Зголеменото воено присуство на НАТО во балтичките држави започна по руската инвазија врз Украина во февруари 2022 година, кога повеќе земји-членки одлучија да ги засилат своите контингенти на источниот фронт.

Со новото распоредување, Данска ќе придонесе за одбранбените капацитети на Летонија и за зајакнување на безбедноста во регионот.