ПРВ.мк
Свет

Трамп го лансираше Одборот за мир без Западна Европа – еве кои држави се појавија!

Трамп го лансираше Одборот за мир без Западна Европа – еве кои држави се појавија!
Kristal

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска во Давос официјално го промовираше новоформираниот Одбор за мир, иницијатива која веднаш предизвика глобални реакции и поделени мислења. Тој го опиша телото како историски чекор кон стабилизирање на светот и најави соработка со Обединетите нации, иако дел од меѓународната заедница стравува дека одборот може да ја засени улогата на ОН.

На церемонијата, Трамп изјави дека интересот за членство е огромен и дека „речиси сите сакаат да бидат дел од ова“. Според него, глобалните закани се во опаѓање, а светот денес е побезбеден отколку пред една година. Како доказ ги наведе американските воени акции против Иран и Исламската држава, тврдејќи дека тие значително ја намалиле нестабилноста.

Тој повтори дека од преземањето на функцијата помогнал во завршување на осум конфликти, но призна дека војната во Украина се покажала како најкомплексен предизвик досега. На крајот од говорот, јавно му се заблагодари на поранешниот британски премиер Тони Блер, кој присуствуваше на настанот.

На сцената доминираа земји од Блискиот Исток и Јужна Америка, додека западноевропските држави целосно отсуствуваа. Меѓу присутните беа Бахреин, Саудиска Арабија, Катар, Турција, ОАЕ, Аргентина, Унгарија, Бугарија, Косово, Мароко и други.

Иако недостасуваа традиционалните европски сојузници, Трамп изјави дека е „задоволен од составот“ и дека ретко му се случува да нема никој што не му се допаѓа.

Проектот, кој започна како иницијатива за Газа, прерасна во глобален механизам со амбиција да решава светски конфликти, но со уште многу нејаснотии околу неговата моќ и вистинска цел.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo