Иако нивниот брак беше обележан со јавни конфликти, признанија и скандали што ја потресоа британската монархија, тогашниот принц Чарлс не бил подготвен за веста што пристигна на 31 август 1997 година. Смртта на принцезата Дајана во тешка сообраќајна несреќа во Париз целосно го затекнала и го скршила.
Според сведоштва на блиски извори и биографи, Чарлс реагирал со шок и длабока емоционална болка. Авторката Тина Браун опишува дека тој веднаш сфатил дека трагедијата ќе прерасне во глобална драма и дека вината, директно или индиректно, ќе биде насочена и кон него.
Биографот Кристофер Андерсен открива уште подраматични детали. Кога ја примил веста по телефон, Чарлс почнал неконтролирано да плаче, а од него излегол крик кој вработените во палатата го опишале како „вресок на човек скршен од болка“. Тој побелел, се тресел и останал згрбен во фотелја, неспособен да зборува.
Потресните сцени продолжиле и во Париз. Кога пристигнал за да го преземе телото на Дајана, Чарлс речиси се онесвестил при првата средба со неа. Медицински персонал сведочи дека се нишал наназад, како да губи рамнотежа од емоционалниот удар.
Иако со години биле во судир, смртта на Дајана го погодила Чарлс подлабоко отколку што некој очекувал. Во последните месеци, велат изворите, двајцата ги оставиле разликите настрана заради нивните синови – Вилијам и Хари.

















