ПРВ.мк
Црна Хроника

Хорор во Битола со трагичен крај: Еве што се случи со бабата претепана од внукот!

Хорор во Битола со трагичен крај: Еве што се случи со бабата претепана од внукот!
Kristal

Битола е потресена од трагичната вест дека 79-годишната жена, која пред неколку дена беше брутално нападната во сопствениот дом, ја загуби битката за живот. Таа им подлегнала на тешките повреди, а денеска беше погребана на Светонеделските гробишта, откако лекарите не успеале да ја спасат од сериозните повреди на мозокот и бројните скршеници.

Семејната трагедија се случила на 17 јануари во куќа на улицата „Лавчанска корија“, каде, според истрагата, нејзиниот 28-годишен внук Т.Р. извршил брутален напад. Тој, како што се наведува, намерно го блокирал влезот во домот за да спречи било каква помош, а потоа ја нападнал старицата, удирајќи ја по главата и телото сè додека не изгубила свест.

По нападот, осомничениот избегал од местото на злосторството, оставајќи ја жртвата беспомошна. Полицијата го пронашла неколку часа подоцна на шокантно место – во казино во Битола, каде, според информациите, мирно играл игри на среќа.

По смртта на жената, случајот доби уште потешка правна димензија. Наместо обвинение за тешко семејно насилство, внукот сега се соочува со обвинение за убиство, а јавноста бара најстрога казна за злосторството што ја шокираше целата земја.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo