ПРВ.мк
Свет

ХАОС ПО НЕВРЕМЕТО: Прогласена вонредна состојба!

ХАОС ПО НЕВРЕМЕТО: Прогласена вонредна состојба!
Kristal

Силното невреме што вчера ја зафати пошироката област на Атина предизвика сериозен хаос, големи материјални штети и човечка трагедија. Најпогодени беа општините Глифада и Вари – Вула – Вуљагмени, поради што грчките власти прогласија вонредна состојба со важност од три месеци.

Обилните врнежи за кратко време ги претворија улиците во реки, а бројни домови и возила беа поплавени. Во Глифада, животот го загуби 56-годишна жена која се обидела пеш да помине преку поплавена улица, што дополнително ја зголеми загриженоста за безбедноста на граѓаните.

Грчката Влада соопшти дека станува збор за екстремна временска појава каква што не е забележана со години. Портпаролот Павлос Маринакис изјави дека количеството дожд што наврнало на одредени локации било исклучително големо и опасно, нагласувајќи дека ова не било обичен дожд, туку сериозна закана по животите.

Тој потенцираше дека навремените предупредувања и пораките испратени до граѓаните преку системот 112 имале клучна улога. Апелите за ограничување на движењето, испратени неколку часа пред невремето, биле наменети токму за да се спречат трагични последици.

Според властите, ваквите механизми за рано предупредување и евакуација денес претставуваат важна алатка за заштита на населението, особено во услови на сè поекстремни временски услови.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo