ПРВ.мк
Свет

„Невидлива закана од небото“: САД открија ракета што може да удри без предупредување

„Невидлива закана од небото“: САД открија ракета што може да удри без предупредување

По години развој и тајни тестирања, САД ја претставија новата стратешка крстосувачка ракета со нуклеарна моќ – AGM-181A. Новата ракета ќе стане дел од вооружувањето на легендарниот бомбардер B-52, кој и по повеќе од половина век служба останува клучен дел од американската нуклеарна тријада.

Ова модерно оружје, познато и како LRSO (Long Range Stand Off), ќе ја замени старата AGM-86B – ракета од ерата на Студената војна. Со неа, САД добиваат способност за нуклеарен удар од безбедна оддалеченост, без да го изложат авионскиот екипаж на ризик.

Проектот го води одбранбениот гигант Raytheon, кој во 2020 доби договор од американското Министерство за одбрана. Во 2021 година беше потпишан и договор за производство со фиксирана цена, а вкупната вредност може да достигне до две милијарди долари.

Ова е дел од поширока стратегија за обнова на американскиот нуклеарен арсенал, во време кога геополитичките тензии растат, а конкуренцијата со Русија и Кина се интензивира.

Сподели го овој напис