ПРВ.мк
Свет

НЕВЕРОЈАТНО! Син три години се преправал во починатата мајка – причината за тоа ќе ве шокира!

НЕВЕРОЈАТНО! Син три години се преправал во починатата мајка – причината за тоа ќе ве шокира!
Kristal

Неверојатна измама беше откриена кога 56-годишен човек беше фатен како се обидува да обнови лична карта, преправен во својата почината мајка. Според истрагата, тој со години ја земал пензијата и приходите од недвижности што ѝ припаѓале на неговата мајка, додека телото го криел во семејниот дом.

Човекот ја скратил косата, облекол фустан, нанел пудра и кармин, ставил обетки и бисерна огрлица – целата сцена изгледала како од филм. Вработената во државната канцеларија веднаш се посомневала бидејќи гласот бил премногу длабок, а целокупниот впечаток бил „нешто не е во ред“.

Дополнителните проверки откриле дека жената со години немала никакви здравствени или општествени активности, но даночните формулари и имотните документи се поднесувале редовно. При повторниот обид за обновување на лична карта, полицијата ја чекала на лице место и веднаш го уапсила, откривајќи го мумифицираното тело на мајката.

Според медиумите, измамата му донела годишен приход од над 50.000 евра, а сега се соочува со затворска казна. Случајот ја шокира јавноста и ја отвора дебатата за контрола на пензиските и имотните права.

Escape