ПРВ.мк
Свет

НЕВЕРОЈАТНА АКЦИЈА: Воени лекари со падобран слетаа на изолиран остров поради смртоносен вирус! Еве ги деталите

НЕВЕРОЈАТНА АКЦИЈА: Воени лекари со падобран слетаа на изолиран остров поради смртоносен вирус! Еве ги деталите

Британската војска изведе необична спасувачка мисија откако постоело сомневање дека британски државјанин на островот Тристан да Куња е заразен со хантавирус.

Според британските медиуми, мажот претходно патувал со бродот „MV Hondius“, каде била регистрирана епидемија на опасниот вирус. Неколку недели по напуштањето на бродот, тој пријавил симптоми и бил ставен во изолација на оддалечениот остров во Јужниот Атлантик.

Поради специфичната локација и невозможноста за пристап со авион, британската армија испратила тим од падобранци и медицински персонал кои се спуштиле директно на островот.

Од Министерството за одбрана соопштија дека ова е првпат воени медицински лица да бидат испратени со падобран за хуманитарна интервенција.

Тристан да Куња важи за едно од најизолираните населени места во светот, со само 221 жител и пристап единствено преку брод.