ПРВ.мк
Македонија

ГОЛЕМА КОНТРОЛА НА ПОЛИЦИЈАТА: Приведени возачи во повеќе градови

ГОЛЕМА КОНТРОЛА НА ПОЛИЦИЈАТА: Приведени возачи  во повеќе градови

Во текот на изминатото деноноќие, полицијата на територијата на целата држава привела 10 возачи поради сериозни сообраќајни прекршоци, меѓу кои и управување возило без дозвола, возење под забрана и под дејство на алкохол.

Од нив, шест лица возеле без возачка дозвола, а тројца од нив биле малолетници. Такви случаи се регистрирани во Скопје, Тетово и Велес.

Во Делчево, еден малолетник кој возел без дозвола учествувал и во сообраќајна незгода, по што било утврдено дека имал 1,89 промили алкохол во крвта.

Дополнително, полицијата привела и возачи во Скопје и Кичево кои управувале возила и покрај изречена забрана, како и лица кои биле под дејство на алкохол.

По целосно документирање на случаите, против сите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Полицијата апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила со цел поголема безбедност на патиштата.