ПРВ.мк
Свет

НЕТАНЈАХУ ИМА БРУТАЛНА ПОНУДА ЗА ТРАМП: Ако ја прифати, светот е во нов круг на пеколот!

НЕТАНЈАХУ ИМА БРУТАЛНА ПОНУДА ЗА ТРАМП: Ако ја прифати, светот е во нов круг на пеколот!

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за можноста за обновување на војната против Иран пред изборите во Израел и Соединетите Американски Држави, а како една од причините ги навел новите загрижувачки потези на Техеран во нуклеарната програма, објави синоќа израелскиот Канал 12, повикувајќи се на американски и израелски официјални лица.

Според наводите на изворите, Нетанјаху во изминатите две недели во повеќе наврати разговарал со Трамп за можноста за обновување на опсежните воени операции против Иран, вклучително и заеднички американско-израелски напади врз воени цели и нуклеарни постројки.

Нетанјаху сака напади пред изборите

Американските официјални лица, според Канал 12, стекнале впечаток дека Нетанјаху сака нападите да се обноват пред изборите, додека еден израелски функционер изјавил дека Трамп на почетокот бил склон да даде „зелено светло“, но дека подоцна неговиот интерес за таа идеа ослабел.

Еден американски функционер изјави за израелската телевизија дека Трамп повеќепати го менувал ставот за тоа прашање, наведувајќи дека му порачал на Нетанјаху да продолжи со подготовките, но не му дал цврсто ветување дека нападите ќе бидат започнати.

Најголема поддршка за обновување на опсежните воени операции против Иран во американската администрација, според наводите на американскиот функционер, даваат министерот за одбрана Пит Хегсет и СЕНТКОМ (CENTCOM).

Мнозинството советници на Трамп, сепак, се залагаат за продолжување на санкциите и економскиот притисок врз Техеран.

Во Белата куќа, според наводите на американскиот функционер, се свесни за внатрешнополитичките интереси на Нетанјаху, кој верува дека позицијата премиер за време на војна му носи политичка предност.

Најнови вести