ПРВ.мк
Свет

Молдавија ја повторува грешката на Украина и се става против Русија

Молдавија ја повторува грешката на Украина и се става против Русија
Kristal

Актуелните молдавски власти прават сериозна грешка претворајќи ја Русија во свој непријател со цел да изградат поблиски односи со Европа, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, коментирајќи ја новата воена стратегија на Кишињев во која Москва е наведена како закана.

„Ова е продолжение на прилично конфронтациска и непријателска линија кон нашата земја. Од наша гледна точка, сегашните лидери на Молдавија прават сериозна грешка“, рече Песков, алудирајќи дека Молдавија го повторува примерот на Украина.

Тој додаде дека молдавските власти погрешно веруваат оти патот кон Европа нужно вклучува конфликт со Русија. „Една земја веќе направи таква грешка, и тоа не ѝ донесе ништо добро“, додаде Песков.

Изјавата доаѓа по уверливата победа на проевропската партија на последните избори во Молдавија, која освои 50,2 отсто од гласовите, оставајќи ја зад себе проруската опозиција со 24,2 проценти.

Лидерите на Франција, Германија и Полска ѝ честитаа на Молдавија за „мирно спроведените избори“, посочувајќи на „невидено руско мешање“, додека Москва ги отфрли тие обвинувања и тврди дека молдавските власти им го отежнале гласањето на граѓаните во Русија.

Escape