ПРВ.мк
Свет

МАСОВЕН ШТРАЈК ГО ПАРАЛИЗИРАШЕ ЈАВНИОТ ГРДСКИ ПРЕВОЗ!

МАСОВЕН ШТРАЈК ГО ПАРАЛИЗИРАШЕ ЈАВНИОТ ГРДСКИ ПРЕВОЗ!
Kristal

Јавниот превоз во Германија утрово беше речиси целосно блокиран, откако возачите на автобуси и трамваи започнаа масовен штрајк во околу 150 градови низ земјата. Акцијата, зад која стои синдикатот Ver.di, започна во 3:30 часот наутро и предизвика сериозни нарушувања во секојдневниот живот на милиони граѓани.

Речиси сите автобуски и трамвајски линии беа надвор од функција, што доведе до метежи, доцнења и откажани обврски, пренесуваат германските медиуми. Според проценките, секој ден штрајк може да ѝ нанесе штета на германската економија и до 200 милиони евра.

Најголеми проблеми се пријавени во поголемите урбани центри како Берлин, Минхен, Хамбург, Франкфурт, Штутгарт и Нирнберг, но штрајкот силно ги погоди и градовите во сојузните покраини Саксонија, Тирингија и Бранденбург.

Возачите бараат подобри услови за работа и зголемување на платите, а синдикатот најавува дека ваквите активности може да продолжат доколку не се постигне договор со надлежните институции.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo