ПРВ.мк
Свет

Луксембург најави дека ќе ја признае Палестина како држава!

Луксембург најави дека ќе ја признае Палестина како држава!

Луксембург најави дека планира официјално да ја признае државата Палестина, соопштија премиерот Лук Фриден и министерот за надворешни работи Ксавиер Бетел на седница на парламентарниот одбор.

Како што јавуваат локалните медиуми, конечната одлука се очекува да биде донесена подоцна овој месец, за време на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, во координација со неколку европски држави, меѓу кои и Франција и Белгија, пренесува „Политико“.

Оваа најава доаѓа по месеци на претпазливост од страна на владата на Луксембург и во време на засилени повици од европски лидери за прекин на израелската воена офанзива во Газа, која започна по нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година.

Минатата недела претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, најави дека ЕУ ќе преземе поостри чекори кон израелската влада, вклучително и суспензија на исплати и санкции кон, како што ги нарече, „екстремистички министри“ и насилни доселеници.

Во петокот, Генералното собрание на ОН изгласа декларација со која се бараат „конкретни, временски ограничени и неповратни чекори“ за реализација на решение со две држави во регионот. Очекувањата се дека темата ќе биде во фокусот и на претстојниот состанок на телото на 22 септември.

Escape