Во воз во Баварија се случи брутален напад со секира и чекан, откако 20-годишен државјанин на Сирија нападнал повеќе патници – четворица се тешко повредени.
Сцената се одигра во четвртокот попладне, кога осомничениот – кој веќе е познат на полицијата во Австрија, каде имал престој – почнал сомнително да се однесува додека возот се движел кај местото Штраскирхен. Одеднаш извадил оружје и нападнал, но храбри патници успеале да го совладаат пред да направи поголем масакр.
Полицијата веќе издаде налог за апсење, а цела Германија е во шок. Се поставуваат тешки прашања – како лице со такво досие слободно се движело меѓу граѓаните?