ПРВ.мк
Црна Хроника

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА: Автобус со ученици излетал од патот, возачот починал - Еве ги деталите

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА: Автобус со ученици излетал од патот, возачот починал - Еве ги деталите

Возачот на автобусот загина, а најмалку 23 лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи утрово на магистралниот пат број шест меѓу Печуј и Хирд во Унгарија.

Според информациите од полицијата, автобусот се движел кон Будимпешта кога, од засега неутврдени причини, преминал во спротивната сообраќајна лента, по што удрил во дрво и излетал во канал.

Во возилото имало 28 патници, а меѓу нив најголем дел биле малолетни деца и тинејџери. Од повредените, две девојчиња се здобиле со потешки повреди – скршеници на нозете и се пренесени во болница во Печуј. Останатите 21 лице се полесно повредени, најчесто со набиеници и гребаници.

На местото на несреќата интервенирале 11 екипи на итната медицинска помош, како и противпожарни и полициски служби. Патниот правец бил целосно затворен додека траел увидот и извлекувањето на возилото.

Полицијата соопшти дека причините за несреќата се утврдуваат и дека е отворена истрага за сообраќајна несреќа со смртни последици и поголем број повредени лица.